ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Борел: На патот кон ЕУ нема да го загубите својот идентитет

Денеска е ден кога се постигнува клучен пробив за Северна Македонија и за Западниот Балкан, но и за ЕУ во целина, изјави во Брисел вискиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жосеп Борел на првата Меѓувладина конференција со која е отворен процесот на пристапни преговори на земјава со Унијата.

Advertisements

Тој додаде дека живееме и во време на политики на идентитети, кои се тема што страствено се дискутира изминативе недели и месеци, нагласувајќи дека Северна Македонија со својот идентитет, култура и историја секогаш била дел од Европа.

– На патот кон ЕУ нема да го загубите својот идентитет. Никој од нас не го губи. Вам не ви требаат заклучоци од Советот за да го знаете тоа. Вашиот идентитет ќе остане и ќе биде зголемен со другите идентитети, кои не се алтернативни, туку се надополнуваат. Затоа сме тука денес. Ни требате. Ни треба Северна Македонија за да го надополни нашиот сложен идентитет. Потребни сме си едни на други затоа што заедно сме посолни, истакна Борел.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button