ВЕСТИРЕГИОН

Борел: Пиштина не беше подготвена за трилатерална средба, Курти постави 3 услови

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Јозеп Борел изјави дека Приштина не е подготвена за трилатерална средба во рамките на дијалогот и оти поставила три услови за тоа да се случи. Од друга страна, додал Борел, Белград е подготвен за таква средба.

Тој на прес-конференција по билатералните средби со српскиот претседател Александар Вучиќ и со премиерот на Приштина, Албин Курти во Брисел рече дека Курти побарал официјализирање на основниот договор, отфрлање на писмото во кое поранешната српска премиерка Ана Брнабиќ изразува резервираност во однос на обврските што произлегуваат од договорот за патот кон нормализирање на односите, вклучително и анексот за негова примена и предавање на Милан Радојичиќ и неговата група на правосудните органи во Приштина.

„Србија не беше подготвена целосно да ги исполни барањата на Косово, осврнувајќи се на уставните ограничувања“, рече Борел.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button