
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Јосеп Борел, рече дека на Украина ѝ е потребна поголема воена помош и ѝ вети на земјата континуирана поддршка од ЕУ.
„На Украина ѝ требаат повеќе можности и тоа што е можно поскоро“, рече Борел во видеото што го објави на својот профил на мрежата Х.
Тој изјави дека разговарал за „континуирана воена помош за ЕУ“ при неговиот прв личен контакт со новиот министер за одбрана на Украина, Рустем Умеров.