РЕГИОН

Борисов: Трифонов не сака да прави влада, ова е сценарио Румен Радев

Со изјавата на Слави Трифонов дека ќе предложи малцинска влада, тој реално не сака да направи влада, изјави бившиот бугарски премиер Бојко Борисов на денешниот брифинг со новинарите во седиштето на ГЕРБ.

Advertisements

Тој изрази сомнеж дека кабинетот предводен од Николај Василев би можел да ја добие поддршката од другите партии во парламентот. Предложениот мандатар, според Борисов е разумен човек, но не е ново лице во политиката, какво што се очекуваше да биде номинирано од партијата на Слави Трифонов.

Вели дека водењето малцинска влада, како што си замислил Трифонов ќе биде практично невозможно бидејќи за кусо време треба на пример да биде предложен буџетот за 2022 година, а за негово донесување има сложена процедура, во која до глас повеќе се стигнува тешко дури и кога владата има парламентарно мнозинство.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button