КОШАРКАСПОРТ

Бостон Селтикс му го нанесоа првиот пораз на Кливленд Кавалирс

Кошаркарите на акутелниот шампион во НБА лигата, Бостон Селтикс му го нанесоа првиот пораз на Кливленд Кавалирс во новата сезона во најсилното кошаркско првенство во светот.

Advertisements

Селтикс синоќа на домашен терен во еден крајно интересе натпревар славеа со 120-117. Џејсон Тејтум со 33 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените недоволни беа 35 поени на Донован Мичел.

Денвер Нагетс конечно успеа да победи без услугите на Никола Јокиќ откако славеше на гостувањето кај Мемфис гризлис со 110-122. Клучен за победата на Нагетс беше Расел Вестбрук кој го запиша својот 200. трипл-дабл во кариерата (12 поени, 14 асистенции, 10 скока) што стана првиот играч на кој му успеало ова достигнување. Кај поразените Санти Алдама постигна 22 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда:

Бруклин – Шарлот 116-115,

Далас – Њу Орлеанс 132-91,

Сан Антонио – Оклахома 110-104 и

ЛА Лејкерс – Јута Џез 124-118.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button