ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Божиновска сега сугерира дека адвокати и ја потпишале изјавата за бугарска самосвест

Божиновска сега сугерира дека адвокати и ја потпишале изјавата за бугарска самосвест

Пред само две недели, кога „360 степени“ на прес-конференција во Владата ја праша министерката за енергетика Сања Божиновска дали се уште има бугарска самосвест, таа одговори дека морала да се консултира со адвокати за да одговори на тоа прашање. Воопшто не ни даде дециден одговор бидејќи „тоа било одамна“

Advertisements

Денеска, реагирајќи на изјава на бугарската потпретседателка Илијана Јотова, Божиновска на социјалните мрежи објави дека „ниту еден граѓанин на Македонија“ нема потпишано изјава дека се чувствува како Бугарин туку дека тоа го правеле бугарски адвокати. Во објавата, сепак, Божиновска не кажува дали така постапила и таа лично туку тој заклучок читателот треба да го претпостави

Бугарското државјанство на Божиновска стана тема веднаш по нејзинот избор за министерка бидејќи откривме дека со бугарски пасош водела фирма во Хрватска, а не го декларираше во својата биографија

ФОТО: Фејсбук-профил на Сања Божиновска

Госпоѓата Јотова живее во свет на фантазии од деветнаесеттиот век. Ниту еден граѓанин на Македонија што добил бугарско државјанство не се чувствува како Бугарин, напиша министерката за енергетика Сања Божиновска на Фејсбук како одговор на денешната изјава на потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова која го коментираше случајот на Божиновска за нејзиното бугарско државјанство. Божиновска во својата објава додаде дека изјавите за бугарска самосвест, кои се основа за да се побара и за да се добие државјанство на Бугарија, ги потпишувале адвокати посредници кои за тоа наплаќале пари.

Случајно или не, Божиновска не искористи и лична заменка во прво лице еднина со кое недвосмислено би декларирала дека и таа постапила така кога барала, а потоа и добила, бугарско државјанство./360stepeni

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button