ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Брачен пар од Ресен загина во провалија во Националниот парк Галичица

Брачен пар од Ресен загина во провалија во Националниот парк Галичица

Речиси два дена се трагаше по брачниот пар од Ресен, кој паѓајки во непристапна провалија длабока 200 метри загинаа во Националниот парк Галичица кај Охрид.Тие со автомобилот, излетале од регионалниот пат Трпејца – Преспа, кој води преку планината и завршило во амбис. Превртеното возило било забележано од параглајдеристи кои се рекреирале. Двете тела се предадени на обдукција.

„Во провалија покрај патот Охрид – Отешево, полициски службеници со помош од параглајдеристи пронашле патничко возило „фолксваген голф“ со ресенски регистарски ознаки и во негова близина биле пронајдени две починати лица. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај лицата, а полициски службеници констатирале дека се работи за М.Х.(59) и М.Х.(56), двајцата од Ресен“, велат од МВР.

Во извлекувањето на лицата учествувала екипа од планинско спасителната служба од Охрид.

„Службите беа немоќни бидејки беше неопходно користење на посебна техника и опрема да се спроведе акцијата“, рече Антонио Додевски-планинско-спасителна служба.

Со децени овој пат е во лоша состојба, што на дело само ја покажува негрижата на институциите за него. Дел од патот е оштетен и небезбеден, а зима тој е целосно затворен, бидејки никој него одржува. И во текот на летото движењето по него е ризично, бидејки на места е доста тесен и непрегледен.

„Имаше иницијатива за реконструкција на патот. Стигна до пола.Делот од ресенска страна беше асфалтиран, меѓутоа не се заврши ниту со асфалтирање, ниту со дооуредување. Евидентни се оштетувања и на заштитните браници и на сигнализацијата. Ова е прва ваква несреќа на толку непристапен терен, која се случува во национален парк,. Претходно се случуваме и други сообраќајни незгоди“, додаде тој.

Од почетокот на годината имале 18 интервенции на евакуација на заглавени и повредени граѓани на Галичица.Прашавме и во Јавното претпријатие за државни патишта,Зошто претпријатието не превзема ништо да го реконструира овој патен правец и кој ќе сноси одговорност за загубата на двата живота.Но одговор не добивме./Алсат.мк

Мики Трајковски

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button