
Раководството на Брага изненади многумина со одлуката да му врачи отказ на тренерот Даниел Соуса по само едно коло од новата сезона во португалскиот шампионат.
Брага викендов ремизираше на домашен терен со Амадора, неколку дена претходно одигра нерешено и со Сервет во рамките од квалификациите за Лигата на Европа, по што челниците почнаа сериозно да се сомневаат во неговите тренерски способности, што на крајот резултираше со отказ за Соуса.
За нов тренер е именуван Карлос Карвахал, искусниот стратег кој пред три сезони го водеше тимот на Брага и успеа да се закити со трофејот во Купот на Португалија. Карвахал потпишал двогодишен договор, а својот камбек на клупата на Брага ќе го има веќе в четврток, на реваншот од квалификациите за ЛЕ против швајцарски Сервет.