
На дневен ред да биде ставен Законот за Бранители побараа денеска членовите на Комисијата за социјална политика. Но, барањето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ ниту денеска не беше прифатено од претседателката на Комисијата Илире Даути.
„Проблемот е што според прописите на собранието на РМС поминаа сите рокови според кои имам право денеска да ја додадам таа точка на дневен ред. Затоа што добро знаете дека таа точка е предложена на 11-ти, додека од тогаш поминале најмалку 19 дена. Периодот во кој имав можност да го додадам беше минимум 6 до 24 часа“, рече Илире Даути, претседател на Комисијата.
Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ го обвинува првиот човек на комисијата за манифестирање самоволие. Таа бара Даути да се придржува до прописот, посочувајќи дека, во спротивно ќе се соочи со одговорност.
Претседателката на комисијата побара од нејзините колеги да го дополнат овој предлог/закон во согласност со Уставот и во него да ги вклучат и поранешните војници на ОНА. Одлуката овој предлог да не се стави на дневен ред ја поддржа и пратеничката група на ВЛЕН.
„Ако воведеме таков закон, треба да ги вклучиме сите, кога велам сите, освен припадниците на државните сили, несомнено мора да бидат вклучени и поранешни припадници на ОНА. Сè друго е придонес за уништување на меѓународните односи, тоа е долевање масло на огнот, односно уништување на стабилноста во државата, односно опасен обид. Од тие причини како пратеничка група на ВЛЕН му даваме целосна поддршка на првиот човек на комисијата оваа точка да не биде ставена на дневен ред“, рече Халил Снопче, ВЛЕН.
Законот за бранители остана блокиран во Собрание, а седницата не може да ја свика ниту претседателот на Собранието, бидејќи, како што рече, седницата на која требаше да се расправа веќе е одржана./Алсат.мк
Ајнур Бафќари