ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Бранителите“ уште еднаш не успеаја во Собранието

Пропадна уште еден обид предлог-законот за „бранители“ да се врати на дневен ред на седницата на Комисијата за социјални, демографски и младински политики. Пратеничката на СДСМ Јованка Тренчевска, побара на дневен ред да се стави предлог-законот за „бранители“ кој веќе неколку месеци е блокиран, но, претседателката на комисијата Илире Даути, рече дека таков предлог не може да се разгледува.

Advertisements

„Доколку сте заинтересирани, можам да свикам уште една јавна дебатна седница на која ќе разговараме, и сите партии ќе ги кажат своите ставови. Верувам дека таму ќе имаме можност да слушнеме дека додека зборуваме за периодот од 1991 година до денес, не можеме да ја исклучиме 2001 година кога имавме вооружен конфликт во кој беа вклучени две страни“, рече Даути.

Пратеничката на коалицијата ВРЕДИ Имерлије Салиу, побара да се прекине работата на комисијата на неопределено време.

„Покрај тоа што сум против дополнување на дневниот ред, барам од вас како претседателка на комисијата да ја прекинете работата на комисијата овде на неопределено време“, рече Салиу.

Работата на комисијата ќе остане  „статус кво“ се додека не се создадат услови за одобрување на извештаите кои денеска беа на дневен ред. Предлог-законот за „бранители“ СДСМ го достави до Собранието на почетокот на септември, на што се  спротивставија и албанските партии кои бараат со статусот на бранителите, да се регулира и статусот на поранешните војници на ОНА. Македонската опозиција побара првиот човек на Собранието, Африм Гаши, врз основа на Правилникот, да свика седница на комисијата, но Гаши рече дека тоа не може да го стори зашто комисијата веќе била закажана.. За постапките на Гаши, партијата Левица поднесе кривична пријава.

Алсат

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button