ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бранот поскапувања не ги штеди ниту лековите

Граѓаните од оваа недела купуваат поскапи лекови за 30 отсто од позитивната листа. Ова не е прво зголемување годинава, бидејќи во јануари дел од лековите поскапе за   20 отсто, велат фармацевтите. Според нив, цените на лековите ги поскапеле  само домашни фармацевтски производители, а не и лековите увезени од странски компании.

Advertisements

„Какви лекови, сите се измами, знаете ли што значи да пишувате лекови дека овие аптеки имаат најголем профит. „Луѓето јадат што повеќе природна, невештачка храна, граѓанин

„Има лекови кои се многу скапи, зависи и од болестите, не може секој да ги плати. Оние со ниски примања тешко доаѓаат до. Не пијам многу лекови, но од позитивната листа секој месец добивам и по 1 илјада денари за висок крвен притисок и за другите што ми требаат“, граѓанин

„Цените поскапеа за речиси 30% од позитивната листа, но уште еднаш  потенцирам, се работи за  лековите кои се од Македонија, а кои ги произведуваат две фармацевтски компании кои моментално работат овде“, изјави Аулон Рамадани, фармацевт

Од Фондот за здравствено осигурување велат дека нема зголемување на рефрентните цени на лековите во аптеките со кои што  имаат договори .Ирфан Лимани, трошоците за лековите се ажурираат на секои 6 месеци.

„Законска надлежност на Фондот е да го следи и регулира нивото на референтните цени на лековите од позитивната листа, но и овде како основен елемент се зема цената што ја одобрува Министерството за здравство, рече Ирфан Лимани, Фонд за здравствено осигурување

Од Министерството за здравство велат дека по преговори со фармацевтските компании, денеска е донесена одлука за нови цени на лекови од страна на компаниите за производство и дистрибуција на лекови. Според одлуката, се очекува компаниите да ги усогласат утврдените цени на лековите во трговијата на големо и мало и по усогласувањето новите намалени цени да важат од 1 април. /Алсат.мк

 

Аднан Ќаили 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button