МАКЕДОНИЈА

Брашнарска: Милиони во Украина не може да се евакуираат поради постојани борбени дејствија

Портпаролката на УНХЦР, Љубинка Брашнарска во своето вечерашно гостување во „Емисија 200“ на Алсат рече дека од хуманитарен аспект состојбата во Украина е алармантна бидејќи најголем дел од населението во земјата не се во состојба да се извлечат од критичните подрачја поради постојаните борбени дејствија.

Advertisements

„Речиси 13 милиони луѓе не се ниту во можност да ги напуштат своите домови. Заробени се поради тоа што не престануваат воените дејствија и тие не можат да избегаат. На голем дел од нив ќе им биде потребна хуманитарна помош. На дел од нив веќе им е нужна хуманитарна помош. Веќе два милиони се внатрешно раселени низ Украина“, рече Брашнарска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button