Брава: Бројот на населението во дијаспората не соодветствува со реалноста

Резултатот од пописот во однос на дијаспората не соодветствува со реалниот факт, вели во вечерашното гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат, претставникот на Алијанса за Албанците, Мухедин Брава. Според него, за ова не говори само опозицијата или неговиот политички субјект, туку и релевантните институции како Евростат и Светска банка.
„Продолжуваме да зборуваме само со факти, а не со мислења и коментари. Факт е дека резултатот што го откри Заводот за статистика е дека во дијаспората имаме нерезидентно население од 260.606 жители, што значи дека имаме 12 проценти од резидентното население во дијаспората што не соодветствува со реалноста. Бидејќи само релевантните институции, Светска банка официјално го дадоа фактот дека во последните 15 години си заминале 500 илјади луѓе, Еуростат има дека во последните 10 години оставиле околу 30 проценти од населението. Тоа значи, не затоа што тоа го кажува опозицијата, АА, туку тоа го кажуваат и релевантни фактори“, изјави Брава.