СПОРТФУДБАЛ

Бразилецот Марсио Мерт Нобре седнува на клупата на Гостивар

Македонскиот прволигаш Гостивар именуваше нов тренер по разделбата со Муарем Муарем. По првиот пораз во шампионатот (1-0) од Работнички во минатото коло, кога беа речиси без стратег, отсега гостиварци ќе ги предводи прославениот напаѓач Марсио Мерт Нобре,.

Advertisements

Бразилец кој има и турски пасош и во текот на кариерата играше за турските гиганти Фенербахче и Бешикташ. 43-годишниот Нобре тренерската кариера ја развиваше во Турција.

Почна како асистент во Беледијеспор, беше помошник и во Хатајспор и во Алтај, а прв стратег беше на Генчлербирлиги, на Алтај и на турскиот второлигаш Чорум.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button