ВЕСТИСВЕТ

Бразилскиот сој пристигна во Словенија!

После британската и јужноафриканската мутација, уште една варијанта на вирусот корона е потврдена во Словенија. Станува збор за т.н. Бразилски тип кој е регистриран кај семејство од Марибор.

Advertisements

Инфекцијата со овој вирус е потврдена кај три лица од едно семејство, рече на прес-конференцијата инфектологот Мареја Логар, кој го предводи стручниот совет за ковид-19 на Министерството за здравство. Таа додаде дека станува збор за изолиран случај.

– Се надеваме дека станува збор за увезен случај без поголемо ширење и не утврдивме други инфекции со овој подтип – додаде Логар.

Се претпоставува дека еден член на семејството најпрво се заразил на работа, во компанија која работи со странски клиенти на релација Германија-Западен Балкан. Тој е хоспитализиран, додека другите двајца членови на семејството се лекуваат дома.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button