ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Брдо-Бриони“ во Скопје: „Нема ЕУ ако се решаваат историски проблеми“

Европската Унија и Западен Балкан да се подготват за проширувањето и тоа не биде подоцна од 2030 година – ова е главниот заклучок на претседателите на земјите од регионот, во рамки на процесот Брдо-Бриони, чиј состанок се одржа денеска во Скопје. Говорејќи од една страна за исполнувањето на критериумите и спроведувањето на реформите, а од друга за нерешените билатерални прашања во земјите од регионот, претседателот Стево Пендаровски истакна дека ниту една земја од Западен Балкан нема да се зачлени во Унијата ако се инсистира на целосно решавање на спорови кои се засноваат на историја и емоции.

Advertisements

„Во односот кон нашата земја, нашите аспирации јасно е дека постои прилично голем дебаланс помеѓу критериумите, традиционални за влез во ЕУ и билатералните односи на најмалку двајца од нашите соседи. Во последниве три години посебно, ние имаме сериозен дебаланс во таа смисла затоа што билатералниот проблем со Бугарија практично ја покрива за жал целокупната традиционална европска агенда за пристапување“, рече Пендаровски.

Ко-домаќини на процесот се шефовите на држави на Хрватска и Словенија. Зоран Милановиќ и Наташа Пирц Мусар. Тие најавија дека ќе се заложат процесот на проширување да не се одолговлекува. Хрватскиот претседател Милановиќ порача паралелно да се спроведуваат реформи и да се решаваат проблемите, додека неговата словенечката колешка нагласи дека патот не е лесен.

„Отворени прашања постојат, особено меѓу Србија и Косово кои меѓусебно не се признаваат и тоа се процеси кои се одвиваат паралелно и истовремено“, рече Милановиќ.

„Не сум застапник заради билатералните прашања да се одолговлекува процесот на пристапување кон ЕУ“, рече Наташа Пирц Мусар – претседателка на Словенија.

Тројцата претседатели истакнаа дека не им се допаѓа идејата за т.н. „Европа во две брзини“ и можноста за поделба на Унијата на попривилегирани и помалку привилегирани земји-членки. Пендаровски додаде дека таков план, ако е формален, не би наишол на поддршка во Брисел. Инаку, во Скопје присуствуваа и претседателите на Косово, Албанија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Во заедничката декларација тие ја повикаа ЕУ за поголеми можности за граѓаните на Западен Балкан и пред формалното пристапување на земјите во Унијата.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button