Бремена девојка (18) од Гевгелија почина од Ковид-19

Млада девојка од Гевгелија, на возраст од 18 години, во седмиот месец од бременоста, е меѓу последните жртви од комликациите предизвикани од вирусот ковид -19.
Жената која имала тешко срцево заболување и страдала од редок генетски синдром „ellis van creveld’’ во гевгелиската болница дошла со силно изразени сиптоми на коронавирус. По 24 часовна хоспитализација и влошена здравствена состојба веднаш била префрлена на клиниките во Скопје.
„Сите од нејзиното семејство беа позитивни на ковид-19 но таа кај нас беше примена со тешка клиничка слика. Со оглед дека имаше комобирдитети односно тешко срцево заболување и редок генетски синдром а заради наглото паѓање на сатурацијата одлучивме да ја препратиме на клиниките во Скопје каде по неколку дена лекување починала“, изјавил директоот на гевгелиската болница Димитар Крџев за 24.mk