
Ѕвездата на Њу Орлеанс Пеликанс, Брендон Инграм, доживеал незгодна повреда и за него следува пауза од најмалку еден месец, јавија американските медиуми.
Пеликанс веќе имаат проблеми со повредени играчи сезонава, а ситуацијата во моментов е навистина незавидна затоа што во „болницата“ се наоѓаат уште Зајонн Вилијамсон, Жозе Алварадои, Даниел Тајс и Карло Матковиќ.
Ударот со повредата на Инграм е тежок, затоа што се работи за најдобриот стрелец во тимот, кој сезонава бележеше просек од 22,2 поени по натпревар. Пеликанс во моментов имаат само пет победи и ја заземаат последната позиција во западната конференција.