
Џејлен Брансон од Њу Јорк Никс, оствари нешто што досега не му успеало на ниеден кошаркар во историјата на НБА. Тој стана прв играч што постигнал 50 поени на еден натпревар и притоа за тројка шутирал со 100% успешност (9/9).
Деветти кошаркар е во постоењето на Никс со 50 или повеќе поени, но до оваа бројка стигна со најдобар шут од игра (73%). На својот ефект додаде уште 9 асистенции и 6 скока.
Пред него, магичната граница во постоењето на франшизата од Њујорк ја минувале уште: Џулиус Рендл, Џамал Крофорд, Вилис Рид, Кармело Ентони, Алан Хјустон, Патрик Јуинр, Ричи Герин и Бернард Кинг.
Никси дојдоа до 14. победа во сезоната, совладувајќи го Феникс со 139-122 и во моментов се наоѓаат на петтото место на табелата во Источната конференција.