СПОРТФУДБАЛ

АП Брера спогодбено се раздели со Марио Врдољак

Фудбалскиот клуб АП Брера објави дека спогодбено се разделил со капитенот Марио Врдољак. Врдољак на почетокот на сезоната пристигна во Струмица, одигра 16 првенствени натпревари, постигна еден гол и забележа две асистенции.

Advertisements

„Му се заблагодаруваме на Марио Врдољак што беше во нашиот тим, за професионалниот однос и неговиот придонес во играта на Брера. Му посакуваме многу среќа и упсеси во понатамошната кариера“, објави клубот.

АП Брера првиот дел од сезоната го заврши на осмата позиција на табелата со 20 бодови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button