СВЕТ
Британија го укина данокот на производите за женска хигиена

Денес, Велика Британија стана една од земјите што го укинаа таканаречениот „данок на тампони“, односно данокот за производи за хигиена на жените, пренесува АП.
Канцеларот на Министерството за финансии, Риши Сунак, вети дека ќе го укине непопуларниот данок за тампони и хигиенски влошки кога беше одобрен буџетот во март, но одлуката можеше да стапи во сила дури денес, откако Велика Британија конечно ја напушти ЕУ.