СВЕТ
Британија и ЕУ ги продолжуваат трговските разговори

Велика Британија и Европската унија ќе ги продолжат преговорите за трговски договор денеска попладне, изјави во средата главниот британски преговарач Дејвид Фрост по телефонскиот разговор со преговарачот на Унијата Мишел Барние. „Се согласивме дека основата за преговори со ЕУ е повторно воспоставена“, напиша Фрост на Твитер, прецизирајќи: „Интензивните разговори ќе се одвиваат секој ден од 22 октомври, во Лондон“.