СВЕТ

Британија – Жестоки реакции во јавноста по воведувањето на новите мерки

Новите ограничувачки мерки што ги објави премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, против коронавирусот, наидоа на жестоки реакции во јавноста и деловните кругови.

Advertisements

Опозициските лабуристи бараат разјаснување на предлогот за користење на војската за поддршка на полицијата како дел од новите рестриктивни мерки за борба против коронавирусот.

Синоќа, Џонсон, презентирајќи нови мерки што би можеле да останат во сила во земјата шест месеци, предупреди дека Велика Британија достигнала опасна пресвртна точка во борбата против коронавирусот.

Тој исто така најави и можен ангажман на армијата за поддршка на спроведувањето и контролата на мерките во борбата против ширењето на коронавирусот.

Истовремено, ги повика граѓаните да работат од дома, доколку се во можност, а од четврток баровите и рестораните ќе мора да се затворат во 22 часот и да ги опслужуваат гостите само на маси.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button