Климатски ПромениСВЕТ

Британскиот премиер ќе ги повика светските лидери да не отстапуваат од климатските цели

Британскиот премиер ќе ги повика светските лидери да не отстапуваат од климатските цели

Британскиот премиер Риши Сунак се очекува да ги повика светските лидери на COP27 да се движат „подалеку и побрзо“ во транзицијата кон обновливата енергија.

Advertisements

Сунак денеска ќе отпатува во Египет на самитот на ОН за климата, откако под притисок на јавноста ја промени првичната одлука да не оди на средбата.

Во своето утрешно обраќање, како што јавуваат британските медиуми, тој ќе истакне дека руската инвазија на Украина ја „засили“ важноста да се стави крај на зависноста од фосилните горива.

Самитот COP27 доаѓа на крајот на годината на катастрофи поврзани со климата и рекордни температури.

Британскиот премиер ќе ги повика лидерите собрани во Шарм ел Шеик да не отстапуваат од обврските преземени на минатогодишниот самит COP26 во Глазгов, чија цел беше да се спречи глобалната температура да се зголеми за 1,5 степени Целзиусови во однос на прединдустриските нивоа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button