ВЕСТИРЕГИОН

Брнабиќ ги повика НАТО и КФОР да реагираат во Косово

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денеска ги повика НАТО и КФОР итно да реагираат на Косово и како што додаде „да го скротат премиерот на Косовo Албин Курти“.

„Ситуацијата е повеќе од драматична и ова е последен момент во кој е неопходна јасна реакција за да се запре лудата политика што ја води Приштина. Ваквото однесување ја надмина секоја мерка и нѐ носи на работ на хаос“, се наведува во соопштението од кабинетот на српската премиерка.

Како што е потврдено за агенцијата Танјуг, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, отишол во Рашка, југозападно од Србија, на итен состанок со претставниците на Србите на Косово.

Косовската полиција денеска употреби солзавец против демонстрантите кои се упатија кон полицијата во Северна Митровица, изразувајќи незадоволство од полициската акција против шверц на стоки.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button