Брнабиќ: Се плашам од ескалација на Косово, разочарана сум од меѓународната заедница

Премиерката Ана Брнабиќ за РТС изјави дека Србите на северот на Косово се на барикадите затоа што бараат основни човекови права и ништо повеќе. Таа посочува дека се плаши од ескалација, но дека „ќе направиме се за да го зачуваме мирот и некаква стабилност“, пренесе Н1.
Таа вели и дека е длабоко разочарана од реакцијата на меѓународната заедница и дека Србите во Косово можат да ги слушнат Брисел и Вашингтон само кога се на барикадите, но и тогаш не баш добро.
„Србите во Косово и Метохија се на барикадите затоа што бараат основни човекови права, но навистина основни човекови права и ништо повеќе“, изјави Брнабиќ за РТС.
Посочува дека и тие ги напуштиле институциите само затоа што барале по повеќе од десет години почитување на Бриселскиот договор.
„На крајот на краиштата, тие се во тие институции благодарение на тој бриселски договор, па кога Албин Курти вели дека нема бриселски договор за него, тогаш не знам точно што е проблемот што Србите не се во институциите“, додаде премиерката.