ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Брнс: Повеќе теми на агендата на Стратешкиот дијалог помеѓу САД и Северна Македонија

Амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мери Брнс, во своето вечерашно гостување во „Емисија 200“ на Алсат, говорејќи за стратешкиот дијалог помеѓу Северна Македонија и САД, што треба да се одржи на 2 јуни во Вашингтон, претстави дел од темите коишто се очекува да се најдат на агендата на состанокот.

Advertisements

„Агендата е сѐ уште во подготовка, но идејата е да се опфатат повеќе теми од економски просперитет, јакнење на демократските институции, одбраната и безбедноста, како и донесување експерти кои би разговарале за приоритетите на секоја страна. Министерот за надворешни, Османи, ќе ја предводи делегацијата од Северна Македонија, листата за останатите претставници сѐ уште се финализира. Од наша страна, помошникот секретар, Карен Донфрид, која неодамна ја посети Северна Македонија, ќе биде официјален домаќин, но ќе има можности за средби и со други официјални лица“, рече амбасадорката Брнс.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button