Брнс: САД и Северна Македонија имаат широки можности за проширување на партнерството

Стратешкиот дијалог е добра можност за континуирана соработка помеѓу двете земји и е одличен патоказ за продолжување на партнерството помеѓу САД и Северна Македонија, рече амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мери Брнс. Во одговор на прашањето – каква порака би ѝ пренела на нејзината наследничка во Скопје, Брнс вели:
„Намерата за Стратешкиот дијалог е да се разгледаат областите коишто сѐ уште ги немаме потполно истражено. Сѐ уште има простор да се работи на прашања од областа на одбраната и безбедноста, но и на многу други области како економија, енергетика, климатски промени, работа со младите, културна размена, едукација…мислам дека Стратешкиот дијалог нуди интересни можности за во иднина и испраќа сигнал дека САД сакаат уште повеќе да вложат во него. Тоа може да е добар патоказ двете земји да продолжат да го градат своето партнерство“, рече амбасадорката Брнс.