
Малтешката влада денес објави дека брод што носел помош за Газа бил нападнат од беспилотни летала во меѓународни води и дека целиот екипаж преживеал.
„На бродот имаше 12 членови на екипажот и четири цивилни патници, нема пријавени жртви“, се вели во соопштението.
Малтешки воен патролен брод, заедно со спасувачки екипи, го изгаснаа пожарот, но екипажот одби да се симне и остана на бродот.