СПОРТ

Бројни инциденти на натпреварот помеѓу Грција и Косово

Во сенка на бројни инциденти на трибините во Волос, но и на зелениот терен мина мечот одигран во рамките на 2-та група од Лигата на нации меѓу Грција и Косово, кој заврши со победа на домаќините од 2:0.

Сѐ започна кога химната на репрезентацијата на Косово ја исвиркаа грчки навивачи, но и неколкумина српски навивачи, кои беа на трибините на стадионот. Провокацијата продолжи со прикажување на голем транспарент, на кој беше прикажана карта на Косово со знамето на Србија, додека ситуацијата ескалираше кога грчки навивачи почнаа да фрлаат камења и цврсти предмети, но и пиротехника во правец на „Дарданите“.

Во една ваква ситуација, натпреварот беше прекинат од главниот судија, а косовските фудбалери побараа прекин на целиот натпревар. Капитенот Рахмани по натпреварот истакна дека освен проблемот со пиротехниката, во еден момент и селекторот на Грција почнал да ги навредува косовските фудбалери.
Сепак, натпреварот продолжи и на крај Грција се радуваше на победа од 2-0. Со овие 3 бода Грција го потврди првото место во втората група од Лигата Ц во Лигата на нации со 12 бода, додека Косово останува на второто место, со 6 бода.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button