ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бројни реакции по објавувањето на химната за Куманово од страна на градоначалникот Димитриевски

Кумановската химна објавена од првиот човек на оваа општина, Максим Димитриевски предизвика големи реакции во јавноста. Верзијата објавена од Димитриевски со наслов „Ода за Куманово“ или лирска поезија за Куманово, освен што не се совпаѓа со културната и етничка реалност во Куманово, истата не ги вклучува во снимените материјали ниту населените места со Албанци.

Прашан од Алсат за ова, Димитриевски не одговори. Опозицијата од редовите на Албанците смета дека тоа не е фер и претставува непочитување на граѓаните Албанци и другите етникуми во Куманово. Осама Муадини од Алијанса за Албанците вели дека на следната седница на Советот на општината ќе побара повлекување на оваа химна.

„Албанците не се застапени и не се почитуваат од градоначалникот на општината и општинската администрација, кои во ваква форма се обидуваат Куманово да го претстават моноетнички. Етничката реалност во Куманово е поинаква. Филмските сцени ги претставуваат само населените места во кои живеат Македонци, бидејќи во населбите со Албанци се уште владее хаос и инфраструктура што не личи на градот Куманово. На следната седница ќе побарам да се повлече оваа химна”, рече Осама Муадини, советник на Алијанса за Албанците, Куманово.

Советниците на ДУИ се дистанцираат од химната на Куманово, додавајќи дека никој не ги консултирал и тие не ја поддржале.

„Ние како група општински советници од редовите на ДУИ се оградуваме од таканаречената „Химна за Куманово или Ода за Куманово“, бидејќи не содржи никаков репрезентативен елемент од другите заедници кои живеат во градот Куманово. Никој не нè консултирал за такво нешто и ние не поддржуваме етничката и културната дискриминација, не е во согласност со мотото „Едно општество за сите“, велат Советници на ДУИ, Куманово.

Проектот е финансиран од Фондацијата за култура и спорт во Куманово со кофинансирање од Општина Куманово. Промоцијата и објавувањето доаѓа во време кога партиите калкулираат со имињата на кандидати за градоначалници. Еден од можните кандидати на СДСМ за уште еден мандат е и Димитриевски кој на последните избори победи во првиот круг пред кандидатот од ВМРО ДПМНЕ, благодарение на гласовите на Албанците и поддршката на политичките субјекти на Албанците.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button