ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бројот на болни со ковид 19 намален во споредба со минатата недела

Бројот на позитивни случаи со Кковид19 е намален за 27,3% во текот на минатата недела, во споредба од пред седум дена. Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје покажува дека е намален и бројот на тестови. Од 30 август до 5 септември биле тестирани околу 39.000 материјали, што е намалување за 5,6% во споредба од пред една недела.

Advertisements

„Во периодот од 30 август до 5 септември, регистрирани се 4.623 позитивни случаи од 34 градови во земјата, што е за 27,3% помалку во споредба со претходната недела. Повеќето од позитивните случаи се во Скопје, додека највисоката инциденца на 100.000 жители е во Свети Николе. Пациентите се од сите возрасни групи, но најголемиот број заразени им припаѓаат на постарите од 60 години. Најмал број е регистриран на возраст од 0 – 9 години“, наведуваат од Институтот за јавно здравје.

Во периодот 30 август – 5 септември, регистрирани се 194 починати во 22 градови во земјава. 63 од нив се во Скопје, 33 во Тетово, 19 во Гостивар и 13 во Куманово. Најголем број жртви има над 70 години. Од тетовската болница објавуваат дека по повеќе од три недели, за прв пат ниту нема еден починат во рок од 24 часа.

„За прв пат, по повеќе од три недели немаме пациент кој починал меѓу хоспитализираните. Во меѓувреме, имаме девет нови лица примени на лекување, додека 13 други се пуштени дома. Во моментов имаме 84 хоспитализирани лица, од кои 82 се на кислородна терапија“, рече Миранда Пајазити, докторка во тетовската болница.

Процесот на вакцинација продолжува. Во текот на вчерашниот ден, вакцинирани се 14.159 граѓани, од кои 3.621 со првата доза. Вкупно, до денеска, околу 570.000 граѓани или 34% од населението се вакцинирани со две дози. Здравствените власти во земјата апелираат за вакцинација, како најефикасен начин за заштита од најсериозните форми на болеста, како и од смрт. Има доволно количество вакцини во земјава, а достапни за граѓаните се вакцините АстраЗенека, Фајзер и Синовак.
Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button