ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Бројот на сточари се намалува секој ден – младите заминуваат поради минималниот профит

Бројот на сточари во Полошкиот регион од ден на ден се намалува. Причината за тоа, според сточарите, се токму заминувањето на младите во странство, но и недостатокот на државна помош. Дел од нив планираат да ги затворат своите фарми бидејќи работат со загуби.

Advertisements

„Имам дваесет и пет грла добиток, долго време се занимавам со ова професија. Но, со оваа работа е многу тешко да се преживее. Со субвенциите е проблем, некогаш не вклучуваат, некогаш не, ја менуваат регулативата. Исто така и младите заминуваат, не сакаат да се занимаваат со оваа работа, а ние немаме луѓе. Кога ќе ги видите приходите, верувајте ми, не му посакувам ни на моето дете да работи во оваа професија. „Државата треба да направи повеќе за земјоделците, треба да се интресира како им оди, дали имаат приходи, како можат да преживеат. За себе зборувам, имам многу работа а минимален профит, а има и периоди кога имаме и загуби“, вели Џелал Абдули, сточар.

„На крај секогаш сме на нула, за профит, немаме ништо. Минатата година продадов 70 грла, поради немање на бенефиции, бидејќи не ни плаќаат, оставив само 65 грла. Државата помага само колку што има и каде што има сопствен интерес. Велат дека ќе ни дадат по десет евра по грло, но ние никогаш не сме виделе каде се тие средства. Никогаш не можеш да живееш од ова. Тоа бара посветеност од најмалку четири лица, субвенциите за прв пат оваа година ги пуштија навреме, бидејќи другите години знаете, секогаш доцнеа по седум-осум месеци“, рече Зулќуфли Јакупи, сточар.

Во Полошкиот регион речиси целосно исчезнаа овошјето и зеленчукот по кои ова место некогаш беше познато низ целиот свет, како што се тетовското јаболко и тетовскиот грав.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button