МАКЕДОНИЈА

Бројот на студенти по математика секоја година сe помал

За 14 студенти по математика денеска беа доделени стипендии од осигурителните компании во земјава. Но, дали ова ќе биде начин да се стимулираат студентите да се запишат на дефицитарните насоки на универзитетите во земјава?

Advertisements

Според студентите, само финансискиот дел не би помогнал при изборот на овие дефицитарни предмети, поради недостатокот на основни знаења во основните и средните училишта и недостатокот на предавачи по природни науки, особено по математика.

„Нашиот факултет е динамичен и бара повеќе посветеност, но мислам дека повеќето средношколци немаат основни познавања и тоа е причината што не бираат математика, јас ја избрав математиката затоа што ја сакам цел живот, гледам добра кариера со моето образование“, велат студентите.

Од податоците што ги објави Алсат од Министерството за образование и наука, јасно се гледа слабиот интерес за математичко-природните науки, поточно математиката. На Универзитетот Кирил и Методиј годинава се запишале само 22 студенти, на тетовскиот универзитет по математика се запишани само 17 студенти, а на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип само 6.

Според податоците на Министерството за образование и наука, оваа академска година во прва година се пријавени околу 10.034 ученици. Најпосакувана насока е информатиката каде годинава се пријавени 1690 ученици.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button