
Бројот на лица заразени со вирусот корона во светот денес надмина 86 милиони, а САД сè уште водат по бројот на заразени и мртви од последиците од оваа инфекција, според податоците на страницата „worldometers“.
Според веб-страницата, од почетокот на коронарната пандемија, 86.048.775 лица биле заразени со вирусот, починале 1.859.393 лица, а 60.973.892 се опоравиле.
Во моментов има 23.220.300 активни случаи во светот, а 107.694 лица се во критична состојба, или 0,5 проценти.