ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Бројот на заболени од сезонскиот грип е помал во споредба со лани

Бројот на граѓани заболени од сезонскиот грип е помал за дури 92,5% во споредба со лани, соопшти Министерството за здравство. Сезонава имало само 539 случаи. Од нив најголем број биле од возрасната група меѓу 15 и 64 години. Во петтата недела од годинава имало 45 случаи. Вакцина против грип примиле околу 40.000 граѓани.