ВЕСТИЗДРАВСТВО

Бројот на заболени жени од рак на дојка бележи пораст

Скратувањето на процедурите за медицински прегледи поврзани со рак на дојка може значително да влијае на раното откривање на оваа болест. Специјалисти онколози и хирурзи бараат дури и породилиштата да имаат право да даваат упатства за ехо на дојка и мамографија.

Advertisements

„Од тука апелирам до надлежните институции да им овозможат на матичните лекари да изработат упатство за ехо на дојка и мамографија. Да се почне со нив, а не упатството ве упатува на хирургија или на секундарна и терцијарна медицина што не е дозволено, но за жал сè уште продолжува. Сега има поголем број ехо апарати, поголем број мамографи, имаме голем број радиолози кои можат да ги читаат во секое време и овој временски период не треба да се изгуби“, вели Неџати Јакупи, хирург.

Онкологот Илир Исмаили рече дека секоја година возраста на жените заболени од оваа болест се намалува.

„Имаме пациенти со карцином на дојка да речеме на над 20 години, што е попроблематично за лекување. Внатрешните фактори се генетиката, жени кои родиле во поодмината возраст, подоцнежна менопауза, а надворешни фактори се социо-економските, начинот на исхрана, алкохолот, пушењето, социјалниот живот што го живееме“, рече Илир Исмаили, онколог.

Според директорка на Онкологија, на зголемувањето на бројот на заболени од рак влијаел и периодот на пандемијата кога многу жени не ги направиле соодветните контроли.

Според податоците на онкологијата, во последниве години годишно се дијагностицирани по 1200 жени со рак на дојка.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button