ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бројот на заразени со Ковид-19, намален за 8 отсто

Vjollca Aliti

Advertisements

Трендот на намалување на бројот на новозаразени од Ковид19 во земјава продолжи и оваа недела. Во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје се соопштува дека од 13 до 19 декември биле регистрирани 1.922 нови позитивни случаи, што е намалување за 8 отсто во однос на претходната недела. Излекувани биле 1.963 лица кои биле хоспитализирани или кои се лекувале дома. Но, смртните случаи остануваат високи.

Пријавени се 66 смртни случаи во 22 градови во текот на изминатата недела. Бројот на починати е непроменет во однос на претходната недела. Најголем дел од нив се од Скопје (19). Во однос на возраста, најголем број од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50 до 59 години.“

Во меѓувреме, Германија, Грција и Австрија поставија нови протоколи за патување за граѓаните од С. Македонија. Германија ја тргна земјава од зоната на „опасни држави“ во однос на корона вирусот. Сепак, сите лица над 12 години кои пристигнуваат во Германија, без разлика на видот на транспортот, ќе треба да приложат негативен сертификат за тест, доказ дека го прележало вирусот или целосен сертификат за вакцинација. Од друга страна Грција и Австрија ги заострија мерките.

„Сите патници над 5 годишна возраст при влез во Грција, покрај сертификатите за извршена вакцинација или прележана болест, мораат да поседуваат потврда за негативен резултат од ПЦР-тест (не постар од 72 часа) или потврда за негативен резултат од рапид-тест (не постар од 24 часа). За влез во Република Австрија, сите лица треба да приложат сертификат за целосна вакцинација, или доказ за примена бустер доза на вакцина или доказ за прележана болест (не постари од 6 месеци), заедно со негативен ПЦР тест (не постар од 72 часа).

 

Од друга страна, Европската комисија донесе нова регулатива во однос на важноста на сертификатите за вакцинација. Од 1 февруари сертификатите ќе важат само 9 месеци по примањето на првата доза.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button