ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Бројот на жени заболени од рак на грло на матка се зголемува

Вакцинацијата со ХПВ вакцина во Охридскиот регион е на алармантно ниско ниво и е меѓу 25 и 26%. Тоа е причина за се поголемиот број на кои боледуваат од канцер на матка предупредуваат лекарите. Од Центарот за јавно здравје во Охрид велат дека станува збор за загрижувачка појава.

„Уште на почетокот кога почнавме со имунизацијата,постарите гинеколози беа против вакцинацијата. Сметаа дека во вакцината ги нема оние типови кои се присутни во Македонија. Сега се обидуваат помладите гинеколози, меѓутоа избегнуваат родителите, а најдобар начин за заштита од карционом на грло на матка е вакцинацијата“, рече Јованка Коровешоска, Центар за јавно здравје Охрид.

За разлика од Охрид, во Струга вакцинацијата против ХПВ е повеќе од 90% вели Коровешоска.Најдобро е вакцината да се прима на возраст од 12 до 14 години. Таа вели дека многу подобра заштита дава вакцината, од самото прележување на инфекцијата со ХПВ вирусот. На ниво на држава само 57 % ја примиле истата.

„Можеби се згреши на почетокот кога се воведе ХПВ вакцината, кога секој родител што ќе го донесеше малолетното дете да се вакинира му баравме согласност и тоа за прв пат за вакцина баравме согласност. И малку беше чудно за родителот тоа и се двооумеше“, рече Јованка Коровешоска, Центар за јавно здравје Охрид.

Институт за јавно здравје:

„Kaрциномот на грлото на матката е најчестиот малигнен тумор на гениталниот тракт. Најчесто се јавува кај жените меѓу 35 и 50 години старост, иако не е редок и кај помладите, односно постарите жени. Најчест е кај жената во полна животна сила, кога тие се најпродуктивни за опшеството и семејството“.

Во Македонија во просек секоја година збаолуваат по 150 жени од рак на грло на матката.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button