Бројот на жители на Скопје е поголем, граѓани не ги менуваат адресите

Резултатите од пописот покажуваат дека во главниот град има 526.502 жители или за 19.576 повеќе од пописот во 2002 година. Меѓутоа, се претпоставува дека бројот на жители во Скопје е многу поголем. Експертот Љубомир Ѓурчевски вели дека главниот град е преполн со жители од други градови кои се населиле во Скопје, но при тоа не ги смениле адресите и документите за идентификација.
Согласно член 3 од Законот за живеалиште и престој, кога граѓанинот ќе го промени живеалиштето или престојувалиштето, мора во рок од 8 дена да го извести Министерството за внатрешни работи.
„При промена на живеалиштето, граѓанинот е должен да го одјави претходното живеалиште и да го регистрира новото живеалиште во рок од осум дена од денот на преселувањето“, изјави Закон за пријавување на живеалиште и престој
Во членот 4 од законот стои дека граѓанинот кој има намера да престојува повеќе од 30 дена надвор од своето актуелно живеалиште, исто така е должен тоа да го пријави.
„Граѓанинот кој има намера да престојува подолго од 30 дена надвор од местото на живеење е должен во рок од три дена по доаѓањето во местото на живеење да го пријави местото на живеење и да се одјави пред да замине“, Закон за пријавување на живеалиште и престој
За сите граѓани кои нема да ги исполнат овие обврски, се предвидува глоба од 100 до 500 евра.
„Глоба од 100 до 500 евра во денарска противвредност ќе им се изрече како прекршок на физичкото лице кое нема да го пријави или одјави местото на живеење, односно живеалиште или адреса на станот или ако тоа не го стори во предвидениот рок“, Закон за пријавување на живеалиште и престој
Од МВР велат дека немаат статистички податоци за бројот на граѓани кои живеат во Скопје, а имаат адреси и лични карти од градовите од каде што се доселиле. Од полицијата за Алсат велат дека во случаите кога имаат сознанија дека граѓанинот не го пријавил местото на живеење или престојување, тогаш посебна комисија на МВР може да изрече казна. /Алсат.мк
Мефаил Исмаили