ВЕСТИКлиматски ПромениСВЕТ
Бројот на жртви од екстремна топлина во Европа зголемен трипати во јуни

Климатските промени го зголемија бројот на жртви од екстремна топлина во Европа во јуни оваа година за трипати, според студија на Лондонската школа за хигиена и тропска медицина што опфати 12 големи градови.
Научниците проценуваат дека топлотниот бран е „тивок убиец“ што одзеде 2.300 животи во 12 големи градови помеѓу 23 јуни и 2 јули оваа година, објавува лондонскиот „Гардијан“.
Милано беше најтешко погодениот град, со 317 од 499 смртни случаи што се припишуваат на климатските промени, по што следуваат Париз и Барселона.