Бројот на жртвите од трагедијата во Кочани се искачи на 60

Трагедијата во Кочани однесе уште еден живот, со што бројот на жртви достигна 60. Во Литванија почина менаџерот на дискотеката „Пулс“, Александар Карадаковски. Министерот за здравство, Арбен Таравари, изјави дека Карадаковски бил пациент со најтешката здравствена состојба.
„Ова беше едно од четирите лица во критична состојба, дури и покритично од сите други, па тешкотијата и компликацијата се појавија на 1 април кога бубрезите почнаа да откажат и беше ставен на дијализа. Ако чекавме некој да почине, токму овој случај беше најкомплицираниот од сите критични случаи“, рече Таравари.
Директорот на болницата „Свети Наум охридски“, каде што првично беше примен Карадаков, рече дека од пламените јазици и од чадот што го вдишил му изгореле 90 отсто од дишните органи..
Во странство се уште се лекуваат 69 пациенти. Од нив, како што информира Таравари, интубирани се 20 пациенти, од кои тројца се во тешка и нестабилна состојба.
Александар Карадаковски работел како бармен во дискотеката „Пулс“. Сепак, тој беше и директор на компанијата која ја менаџирала дискотеката со блокирана сметка. Карадаковски ја презема оваа позиција во декември 2022 година, но неформален сопственик на дискотеката останал Дејан Јовановски. Карадаковски беше еден од 34-те осомничени кои се вклучени во истрагата на Јавниот обвинител за одговорноста за трагедијата, бидејќи клубот функционирал без важечка лиценца и без исполнување на минималните технички услови за заштита од пожар. За ова не реагирале надлежните институции. Исто така, во објектот биле дозволени да влезат малолетници, што е строго забрането со закон. Според обдукцијата, причината за смртта на жртвите е задушување со јаглероден моноксид, кој бил ослободен при согорувањето на материјалите во објектот. За време на обдукцијата, кај трите жртви се утврдени и фрактури на ребрата, кои настанале како последица на газењето од толпата при обидот да излезат од дискотеката..
Линда Ебиби