СВЕТ
Бројот на жртвите од земјотресот во Јапонија достигна 100
Бројот на жртвите од земјотресот во Јапонија достигна 100

– Бројот на жртвите од земјотресот со јачина од 7,6 степени, кој ја потресе Јапонија на првиот ден од новата година, достигна 100, објави ДПА, повикувајќи се на локалните власти.
Уште 211 луѓе се водат како исчезнати во најтешко погодената префектура Ишикава.
Владата испрати војници за да помогнат во пребарувањето и спасувачките операции. Покрај потрага по исчезнатите, се работи и на расистување на урнатините, поправка на уништените патишта и на другата оштетена инфраструктура