ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бројот ученици во Охрид се намалува, причина намалениот наталитет, но и иселувањето

Бројот ученици во Охрид се намалува, причина намалениот наталитет, но и иселувањето

Бројот на ученици што се запишуваат во охридските основни и средни училишта се намалува. Причините, според охридските советници, е намалувањето на вкупниот број жители на општината, последица на намалениот наталитет, но и поради иселувањето.

Advertisements

Советниците на Општина Охрид на денешната седница ги усвоија одлуките за формирање паралелки со помал број ученици од дозволемиот минимум.

Според последните податоци од Општинскиот отсек за образование, оваа година во прво одделение се запишани 445 првачиња, што е за 94 помалку од лани кога се запишаа 539 дечиња.

За претстојната учебна 2023/24 година година во охридската гимназија се запишале 91 ученик, распоредени во седум паралелки по 13 ученика.

Советникот Наум Јамнадиев од говорницата посочи дека како професор во Гимназијата со 25 годишен стаж, кога почнал со работа во Општина Охрид основно образование завршувале 1200 ученици, додека оваа година во Охрид имаше околу 450 полуматуранти.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button