КОШАРКАСПОРТ

Бруклин Нетс најави дека ќе го повлече дресот со бројот 15

Франшизата на Бруклин Нетс најавија дека од следната сезона ќе го пензионираат дресот со бројот 15.  Овој потег доаѓа како почит и поздрав за легендарниот Винс Картер кој играше за тогашниот тим на Њу Џерси Нетс од 2004 до 2009 година.

Заедно со Џејсон Кид, Картер беше лидер на тимот и бележеше просек од 23,6 поени, 5,8 скока и 4,7 асистенции по меч. Во својата кариера освен во Нетси, Картер настапуваше за Голден Стејт, Орландо, Феникс, Далас, Мемфис, Сакраменти и Атланта.

Нетси досега имаат пензионирано уште неколку броеви на дресовите во чест на Бил Расел, Бак Вилијамс, Јулиус Ервинг, Бил Мелчиони, Џон Вилиамсон, Џејсон Кид и Дражен Петровиќ

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button