
Бруно Фернандеш е еден од ретките фудбалери на Манчестер Jунајтед кој го оправдува своето реноме на теренот. Капитенот не е сигурен дека ќе остане во клубот и наредната сезона.
„Очигледно некои работи не зависат само од мене, нели?“, изјави Бруно Фернандеш и со тоа јасно кажа дека има шанси да го напушти клубот на крајот од сезоната.
Англиските медиуми тврдат дека Бруно и е понуден на Барселона. Имено, од Манчестер јунајтед се подготвени да го понудат Бруно Фернандеш како дел од трансферот во кој сакаат да го доведат Френки де Јонг од Барселона.
Во текот на целото лето 2022 година, раководството на Манчестер Jунајтед се обидуваше да го доведе холанѓанецот, но на крајот не успеа и на крајот го доведоа Касемиро за 70 милиони фунти.
Де Јонг потоа остана во Барселона, но наводно е на врвот на листата на желби на Сер Џим Ретклиф. Раководството на Манчестер јунајтед не сака да плати 77,5 милиони фунти за него, а тие се подготвени да го понудат Бруно Фернандеш. Наводната понуда на Манчестер Jунајтед до Барселона е 17 милиони фунти и Бруно Фернандеш за Де Јонг, а сега на потег е и раководството на клубот од Шпанија.