МАКЕДОНИЈА
Бубевски: ОЈО не може да постапува за надзорот на Коридорите 8 и 10, тоа е надлежност на ЈОГОКК

Шефот на Основното јавно обвинителство во Скопје, Гаврил Бубевски, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, рече дека ОЈО Скопје не може да постапува по допрен глас во врска со сомнежите коишто периодов се појавија во јавноста, а во врска со изборот на надзор за изградбата на автопатите од Коридорите 8 и 10-д, односно за кредибилитетот на дел од фирмите и начинот на нивниот избор.
„ОЈО Скопје, по законот за јавно обвинителство не постапува по предмети во кои предмет на можно извршување е јавна набавка. Тоа по законот за јавно обвинителство потпаѓа под надлежност на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција“, рече Бубевски.