ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бучи признава дека немал добра соработка со составот на сегашната Влада

На последниот ден на функцијата заменик директор на Царината, во која беше три години, Ирфан Бучи тврди дека имало несогласување со сегашниот состав на владата, но без да прецизира со кого конкретно. Бучи, кој се повлече од функцијата пред неколку дена од семејни причини, вели дека двојно го зголемил бројот на вработени Албанци за да постигне соодветна застапеност во царината.

“Соработката со институциите не беше на соодветно ниво, особено со овој состав на владата. (6.34-7.26) Кога од страна на владата беше одлучено да ги префрлиме сите вработени — ја сменив систематизацијата во Царина за 10 дена и ги однесов сите тие 74 административци во царина. Голем број од нив станаа царински службеници, јас им го сменив нивниот статус, околу 22 цариници, а другите останаа за кратко време и тие да станат цариници. Но се создаде проблем и не успеав и тие 40 да ги направам цариснки службеници, но верувам дека многу брзо ќе се постигне, а особено мојот наследник ќе го стори тоа.”

Од ДУИ не дадоа детали за каква било можна замена на Бучи. Запрашан за коментар, портпаролот на партијата Бујар Османи избегна да одговори со образложение дека не сака да ја користи говорницата на Министерството за надворешни работи за партиски работи.

„Во принцип, не сакам да ме сфатите погрешно, но искрено се обидувам да не одговарам на партиски прашања од владина институција. Мислам дека не треба да го користам микрофонот, кој е на сите граѓани за да соопштам мои партиски ставови. Мислам дека во друг случај ќе можам да одговорам на овие теми“.

Бучи рече дека се повлекува од функцијата заменик директор на Царината, но не и од ДУИ. Тој најави дека ќе придонесе за радикални реформи во партијата.

 Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button