Буда: Французите не можеа да дозволат победа на екстремната десница

Победата на Емануел Макрон на последните претседателски избори во Франција, претставува големо олеснување не само за Франција, туку и за цела Европа. Ова го изјави новинарката Клара Буда во „Емисија 200“ на Алсат, подвлекувајќи дека оние кои не се согласувале со неговата програма гласале за Макрон, за да ја опструираат екстремната десница, односно противкандидатката, Марин ле Пен.
„Беше бескрајно задоволство што Емануел Макрон победи против екстремната десница, поради едноставниот факт што републиканскиот фронт во смисла дека средните Французи, интелектуалната елита, кои се многу врзани за вредностите на демократијата, не можеа да остават екстремната десница да победи во Франција. Тоа беше радост и беше неоспорно, беше олеснување за сите нас. Последните изјави на Марин Ле Пен беа малку умерени, но познато е дека зад нив се крие навистина десничарска екстремистичка, фашистичка граница. Дури и Французите кои не се за програмата на Макрон, за да ја запрат екстремната десница, се мобилизираа да го победат Макрон“, изјави Клара Буда, новинарка на РФИ, Париз.