ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Буџетот за тетовскиот театар е минимален

Буџетот за тетовскиот театар е минимален

Тетовскиот театар го критикува Министерството за култура за малиот буџет што го издвоило за оваа културна установа. Режисерот Хасим Мемиши вели дека со само 4 милиони денари треба да подготват 3 претстави и да го организираат десеттото издание на Фестивалот на театри.

Advertisements

„Со средствата издадени од Министерството и условите со кои работиме, не знам дали можеме да се сметаме за обични работници, а не како уметници. Тоа е многу лошо особено за Тетово, кое има повеќе публика од сите други градови во земјата. Секогаш кога правиме претстави, имаме полна сала и на оваа публика треба да и се понудат повеќе услови, повеќе претстави и проекти во текот на годината. Исклучително е болно што Театарот работи под овие услови и со овој буџет“, рече Хасим Мемиши. Директор на Театарот на Тетово.

Иако институциите функционираат на буџетска основа, но, верувале или не, буџетот не е главниот проблем што го има Тетовскиот театар. Главниот проблем што го има Театарот е грееето на оваа сала, кое во две децении, никогаш не е поправено. Секогаш во Тетовскиот театар има недостиг на нафта за греење.

„За оваа година зимата помина, но следната година мора да најдеме решение, да протестираме или дури и законски да не работиме. Не можеме ни да го оправдаме пред јавноста неработењето во текот на зимата. Не знам колку можеме ова да го наречеме намерно, но бидејќи се повторува одново и одново, постои некој ѓавол и треба да го решиме што е можно поскоро“, додаде Хасим Мемиши, директор на Театарот од Тетово.

Оваа дискриминација која со години му се прави на Тетовскиот театар, се должи на непостоењето на нов објект на Театарот, како резултат на што, Министерството не ги дава потребните средства бидејќи е оправдано дека нема простор за повеќе претстави. За лошата состојба и уништувањето на оваа културна институција, Мемиши го вперува прстот кон претходната влада./Алсат.мк
Башким Сулејмани

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button